Не гледаме ниту еден конкретен резултат од надворешната политика на ДПМНЕ. Државата никогаш не била толку понижена и маргинализирана на меѓународната сцена. Сè што со години се градело – паѓа за неколку месеци, истакна претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, во гостувањето во „24 анализа“ на 24ТВ.
Средбите на Сиљановска и Муцунски – без резултати.
Посети во Австралија, Јапонија, Дубаи – ништо за граѓаните, само трошоци за буџетот. Нема придобивки, нема стратегија, нема визија. Само срам и дипломатско понижување.
Во државата една година хаос и економски колабс!
Животниот стандард е сериозно загрозен, здравството и образованието назадуваат, земјоделците се заборавени, младите си одат. Народот чувствува несигурност, неизвесност и разочараност, ветуваа напредок, а наместо тоа гледаме популизам и импровизација.
Време е за сериозни, одговорни политики. Народот го заслужува тоа, вели Колева.



