Колку кеш ќе ви треба за да купите разни секојдневни продукти во Венецуела?

Замислете дека сте отишле на вечера и додека да завршите со јадење цената на оброкот двојно се зголемила. Ова е реалноста на хиперинфлацијата, резултатот од печатење премногу пари за големината на економијата со што валутата на некој начин станува безвредна.
Колку кеш ќе ви треба за да купите разни секојдневни продукти во Венецуела?
Венецуела се наоѓа во ваква положба и ова е најлошиот случај на хиперинфлација по оној во Зимбабве во 2007-2009 година. Се очекува до крајот на годината инфлацијата да порасне за 1 милион проценти. Власта се обидува да се справи со ова со „кратење“ 5 нули од националната валута, боливар, и да печати нови банкноти. Одреден период ќе има микс од банкнотите во циркулација, а ова ќе предизвикува збунетост за вистинската цена на продуктите. Ова ќе биде вистински хорор, особено за сиромашните кои немаат сметка во банка. Овие луѓе се присилени да носат голема количина кеш за да ги купат и најосновните продукти.


Можете ли да замислите да треба да потрошите милиони за да купите обична тоалетна хартија? Со цел да долови како навистина изгледа ситуацијата во Венецуела, фотографот Карлос Гарсија Ролинс направил фотографии од неопходни продукти како домати и пелени, заедно со кешот што е потребен за да се купат. Цените коишто се прикажани важат за периодот во кој се направени фотографиите. Ситуацијата е толку лоша што досега овие цени сигурно се многу променети.
2,4 килограми пилешко чини 14.600.000 боливари, односно 1,91 евро
Колку кеш ќе ви треба за да купите разни секојдневни продукти во Венецуела?


Тоалетна хартија чини 2.600.600 боливари, односно 0,34 евра
Колку кеш ќе ви треба за да купите разни секојдневни продукти во Венецуела?
Килограм моркови чини 3.000.000 боливари што е еднакво на 0,40 евра
Колку кеш ќе ви треба за да купите разни секојдневни продукти во Венецуела?
Едно пакување хигиенски влошки чини 3.500.000 боливари, или 0,46 евра

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.