Кому му е гајле како ќе гласа Никола Тодоров?!

Навистина не ви се чини легитимно прашањето кому му е гајле ќе гласа Никола Тодоров?! Некогашниот првенец на ВМРО-ДПМНЕ и миленик на Груевски, кој што му овозможи да биде на функција цели дванаесет години денеска не се прослави. Имено, иако правник излезе и се избрука пред очите на целата македонска јавност. Ќе гласал за НАТО и ЕУ а против договорот?? Како господине Тодоров? Не се правете дете, кога знаете и сам дека тоа е невозможно. Нема три референдумски прашања туку едно. И тоа е нелегитимно. 
Требаше како некогашен првенец и привилегиран партијаш да се спротивставите јавно на незаконскиот референдум. Но немавте храброст. Одбравте линија на помал отпор…
За жал Никола Тодоров не ни остави простор освен да го поставиме прашањето на кој му е гајле, после година дена илегала и апстиненција од борбата за националните интереси на Македонците. Помина и двојазичноста и на праг сме на промена на името и бришење на идентитетот наш, ама се досега тоа не беше доволна провојација за став. Па сега откако минаа сите возови сметаме дека е ирелеванто како ќе гласа Нино. 
Башка ако ги погледенете коментарите под неговиот пост од денеска ќе знаете дека не му е лесно. Но, доцна е. Штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.