Конечно студентски избори

Речиси сите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ распишаа конкурси за избор на претседатели и членови на факултетските студентски собранија. Изборите, кои студентите ги чекаат повеќе од една година, ќе се одржат кон крајот на ноември и почетокот на декември, на повеќето факултети. Сите информации во врска со датумите и деталите каде ќе се гласа се објавени на веб-страниците на факултетите.
Изборите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се одржат на 29 ноември, од 8 до 16 часот во холот на Технолошко-металуршкиот факултет.
Распишани се избори и за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет – Скопје. Изборите ќе се одржат на 2 декември, од 8 до 16 часот.
Изборите на Машински факултет ќе се одржат на 5 декември во периодот од 9 до 17 часот.
Изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ќе се одржат со тајно гласање на 4 декември на Економскиот факултет, од 8 до 16 часот.


Студентски избори на ФЕИТ ќе има на 28 ноември. Повеќе информации за условите за кандидирање на членовите на Студентското собрание има на веб-страницата на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Изборите на претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ќе се одржат на 28 ноември во предавална 1, во период од 10 до 14 часот.
На 29 ноември, од 9 до 15 часот, во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржат изборите за членови на Факултетското собрание.
Распишани се избори и за претседател и членови на Факултетското собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“. Изборите ќе се одржат на 29 ноември, од 8:30 до 16:30, во аулата на факултетот.
Претседател и членови на Факултетско студентското собрание на Технолошко-металуршкиот факултет ќе се изберат на 2 јануари, од 8 до 16 часот.
Изборите на Градежниот факултет ќе се одржат на 2 декември, од 8 до 15 часот, во просториите на факултетот.
На 2 декември ќе има избори и на Медицинскиот факултет, од 8 до 16 часот. Локациите ги има на следниот линк. Изборите на Стоматолошкиот факултет – Скопје ќе се спроведат на 26 ноември во просториите на стариот деканат (барака) во периодот од 10 до 16 часот.
Изборите на Природно-математичкиот факултет се на 2 декември во амфитеатарот „Ордан Печијаре“ во периодот од 9 до 14 часот.
Избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје ќе има на 27 ноември, од 9 до 16 часот.
Изборите за претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје се закажани за 27 ноември, од 12 до 15 часот.
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер распиша избори за 28 ноември во амфитеатар број 20, во периодот од 10 до 14 часот.
Избори за Фармацевтски факултет ќе има на 28 ноември, од 10 до 14 часот во предавална 4.
На Шумарски факултет избори ќе има на 20 ноември во период од 8 до 16 часот.
Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, испратил информација до сите декани на факултетите, согласно седницата на Ректорската управа од 22 октомври, да распишат и да спроведат избори за членови и претседател на факултетските собранија. По завршување на изборите треба да се одржи конститутивна седница на Факултетското студентско собрание, најдоцна до 6 декември, на која ќе се изберат членови во органите и телата на Факултетот и ќе се изберат 2 члена во Универзитетското собрание. Ректорот ги замолува деканите изборите да завршат до крајот на ноември.
Според Статутот на УКИМ, Универзитетското студентско собрание го сочинуваат по двајца претставници од Факултетските студентски собранија со мандат од една година, со право за уште еден избор.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на именуваните претставници во собранието. И тој се избира за време од една година, со право за уште еден избор.
Изборите ги распишува деканот на факултетот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Изборите се спроведуваат во работни денови во текот на неделите за настава во соодветниот семестар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.