Конзервирање на Римската терма во Банско, Струмица

Во селото Банско се одвива третата фаза од проектот за конзервација на Споменичната целина Бања Банско, позната и како Римска терма, информираат денес од Националната установа „Завод и Музеј Струмица“. Според нив, фокусот е на најкомпромитираните делови од изложените ѕидни структури на оваа историска локација, а активностите се во согласност со годишниот план за работа и одобрениот проект. Основниот конзерваторски проект ги опфаќа и конзерваторско-реставраторските зафати на дел од споменичната целина Бања Банско Струмица, вклучувајќи ја и Големата Бања. Во 2024 година, тие активности беа насочени кон ѕидот кој ги дели просториите 2 и 5. Оваа фаза продолжува со работа на конзервирање-реставрација на С3 ѕидот меѓу просториите 2 и 5, особено на делот кој се наоѓа кон просторијата 2, стои во соопштението од НУ „Завод и Музеј Струмица“. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам.
The post Конзервирање на Римската терма во Банско, Струмица appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: