Коронавирусот не престанува: За само три дена, еден милиони новозаразени

Бројот на заразени со коронавирусот надмина 21 милион и сега изнесува 21.030.489, објавено е на веб-страницата Worldometer. 

Еден милион луѓе во светот се заразиле за само три дена, бидејќи дваесеттиот милион заразени со ковид-19 се регистрирани на 10 август.

Од почетокот на епидемијата, повеќе од 750.000 луѓе загинаа, а скоро 14 милиони се опоравени.

Во моментов, скоро 6,5 милиони случаи се активни, а од вкупниот број на пациенти, повеќе од 64.000 се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во Соединетите држави, Бразил и Индија, кои бележат мултимилионски случаи, а потоа следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Од европските земји, веднаш до Русија, која се приближува до првите милиони заразени, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле скоро 380.000 луѓе, а починале 28.605 лица, а која е на 10-то место во светот во однос на бројот на заразени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.