КОРОНАВИРУС: Докторка од Куманово позитивна го напиша ова!!

КОРОНАВИРУС: Докторка од Куманово позитивна го напиша ова!!

На Фејсбук вирално се шири постот на докторката од Куманово. Ние сметаме дека е прашање на јавен интерес да стигне нејзиното мислење што подалеку!! И да се земе предвид.

Драги мои фб пријатели Ковид -19, не е шега!!!
Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19.
Денес дознав.
Шок , секако….не сакам да верувам.
Немам написмено, ама ми соопштија .
Ова не се крие , се кажува, допрва ќе има случаи .
Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи..
Можам само да претпоставувам од кого го добив, не да тврдам.
За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат .
Имав контакт , службено и со заболената која почина, имав контакти и со “здрави” луѓе на работа .
Не шетав никаде надвор од МК.
Не знаеме кој е носител , а е навидум здрав.
Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА , вие кои не морате да одите на работа.
Не одете на кафе по комшии , правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате .
Користете мобилен за муабет.
Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот.
Нема ни во лифт да се возам да знаат.
Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата.
Не се плашам за мене, се плашам за другите.
И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е.
Реалност е.
Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи.
За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом.
Цел живот нешто се борам и еве пак.
Чувајте се.
Постот го пишувам за доброто на сите.

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Па потоа прочитајте уште и ова:

КОРОНАВИРУС: Состојба во државата (24 март 2020) (графикон). Вкупно 148 заразени

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.