Кортни ги изненади фановите: „Ќе бидам среќна ако заврши ријалити шоуто“

Излезе нов трејлер за ријалити шоуто „Кортни ги изненади фановите: „Ќе бидам среќна ако заврши ријалити шоутоКортни ги изненади фановите:„Keeping Up With the Kardashians“ , а обожавателите се загрижени бидејќи идната сезона може да биде без Кортни Кардашијан (40), пренесува „Elle“.
Најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, најмногу им е посветена на децата, а поради тоа имала многу расправии, особено со Ким Кардашијан (38), која често ѝ велела дека е мрзелива и најмалку работи.
„Би била среќна ако заврши шоуто?“, ја прашала 35-годишната сестра Клои Кардашијан, на што таа потврдно одговорила.


„Да, кому му е грижа?“, рекла Кортни, а не е првпат таа да изјави дека сака да го напушти ријалити шоуто.
Во трејлерот се слуша како Ким Кардашијан ѝ вели дека ќе ја отпушти, а таа ѝ возвраќа дека не сретнала позлобна личност од неа.


„Моментално сум среќна и задоволна со своите благослови, но дефинитивно има моменти кога сакам да го напуштам шоуто. Животот е кратот и секој сака да биде среќен“, рекла неодамна Кардашијанката. Уште пред три години велела дека сака да се тргне од ријалити шоуто кое го следи секој чекор на нејзиното семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.