Корумпирано судство: Вработена во суд зема поткуп од 6.500 евра за да договори пресуда (ВИДЕО)

Порталот досие.мк објави видео на кое се гледа како, наводно, вработена во Основен суд во Скопје, оддел за стопански спорови зема поткуп за да договори пресуда.
Наводно, станува збор за поткуп од 6.500 евра за договор пресудата да падне на Апелацискиот суд, односно да биде укината. Заради грешка во постапката пресудата била укината и вратена на повторно судење.
Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови  и друг пат била замешана во слични нелегални активности, пишува досие.мк.
Досие.мк објавува дека случајот ќе биде пријавен во полиција и во Обвинителство.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.