Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот

Косовската агенција за храна и ветеринарство донесе одлука за итна забрана на увоз на овци и кози од Македонија, поради појава на заразно заболување кај ситниот добиток во регионот на Липково.

Од Агенцијата информираат дека одлуката е заснована на официјални извештаи од ADIS и Светската организација за здравје на животните (WOAH), со кои е потврдена присутност на болеста кај овците и козите во овој дел од земјата.

Забрана и за нуспроизводи од овци и кози

Во соопштението се наведува дека, согласно Законот за ветеринарство бр. 2004/21, забраната не се однесува само на живи животни, туку и на нивните нуспроизводи, вклучително кожи и волна, како и на производи кои не се термички третирани и потекнуваат од Македонија.

Мерката стапува на сила веднаш
Од Косовската агенција за храна и ветеринарство нагласуваат дека мерката стапува на сила веднаш и ќе остане во сила сè додека не се изврши нова проценка на состојбата од страна на меѓународните ветеринарни институции и надлежните органи во Косово.

Целта на забраната е заштита на здравјето на животните и спречување на евентуално ширење на заразата на територијата на Република Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи: