петок, 27 ноември 2026
Најново

Косовски иселеник му подигна биста на актуелниот премиер Курти, ќе му стои на влезот од куќата во неговото родно село

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Биста на актуелниот косовски премиер Албин Курти е откриена денеска во селото Перане, во општина Подујево, во североисточно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Нарачател и финансиер на бистата е косовскиот иселеник Сабахудин Ука, кој живее и работи во Шпанија, а бистата на Курти, во природна големина, на чиј постамент пишува „Албин Курти – последна надеж“, e поставена на влезот во дворот на неговата куќа во родното село.

При денешната инаугурација на споменикот на косовскиот премиер беше организирана и пригодна свеченост, на која присуствуваа жители на селото, кои, како што јавија медиумите, поведоа и оро околу бистата.

Ука, познат во селото со прекарот „Пољак“, изјави за медиумите дека бистата не ја сработил сам, туку ангажирал професионални скулптори, а целата инвестиција го чинела околу 50 илјади евра.

– Реклама –








Поврзани вести