Костадинов: Струмица добива нов мега-парк на 43.000 метри квадратни

Струмица добива нов мега-парк на 43.000 метри квадратни, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– НЕ ЗА БЕТОНИЗАЦИЈА – ТУКУ ЗА ЗЕЛЕНИЛО: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МЕГА ПАРК ВО СТРУМИЦА!

На површина од 43.000 м², таму каде што некогаш владееше сивило и бетон, Струмица добива ново зелено срце – модерен урбан парк, изграден со најквалитетни материјали, внимателно одбрани зелени површини, пешачки патеки, амфитеатар на отворено и простори за одмор и рекреација за сите генерации.

Ова нема да биде само парк – ова ќе биде место на живот, креативност, спокој и убавина. Место каде децата ќе растат, младите ќе се дружат, а повозрасните ќе одмараат. Место каде што Струмичани ќе уживаат – секој ден.

Колку и да сака некој да ја попречи мојата визија за нова, модерна и препознатлива Струмица – ние не запираме.

Продолжуваме понатаму – поцврсто, позелено, подобро. – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: