Европската Унија ја нагласува потребата од продлабочување на соработката и зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Унијата и Западен Балкан. Ова е наведено во Декларацијата од Заедничкиот самит ЕУ-Западен Балкан, во која се нагласува дека иднината на регионот е во Европската Унија и дека проширувањето е можност што мора да се искористи. Декларацијата, исто така, ја нагласува потребата нашата земја да ги исполни своите обврски.
Сеопфатната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат од суштинско значење за градење заедничка иднина, како и за спроведување со добра волја и конкретни резултати на меѓународните договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
На Самитот на ЕУ, порака стигна и од претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој нагласи дека Македонија знае што треба да направи.
„Што се однесува до Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност и се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нејзините власти знаат што треба да направат“, рече Антонио Коста, претседател на Европскиот совет.
Премиерот Мицкоски, кој учествуваше на Самитот, изјави дека Владата ги презема сите реформи за членство во Европската Унија и дека земјата одамна го заслужуваше членството, но од вештачки причини сè уште не може да стане дел од ЕУ.
The post Коста: Северна Македонија знае што треба да направи за членство во ЕУ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



