петок, 27 ноември 2026
Најново

Костовски се фали: Го задушивме „востанието“ на ДУИ, ги победивме сите одеднаш!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на Бутели, Дарко Костовски, реагираше по објавувањето на резултатите од изборите, опишувајќи ја победата на ВМРО-ДПМНЕ како „историска“ и како „крај на политичкото востание на ДУИ“ во оваа општина.Во статус на социјалните мрежи, Костовски им се заблагодари на својот изборен тим и на граѓаните на Бутели за довербата што му ја дале.„Вечерва се сретнав со луѓето од мојот изборен штаб – ударната сила на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел. Ви благодарам за историската победа! Ви благодарам на сите граѓани кои ми веруваа и кои ја сакаат општина Бутел каква што ја знаат. Ви благодарам што избравте развој и стабилност“, напиша тој.Костовски, осврнувајќи се на политичките противници, додаде со ироничен тон: „Им испраќам порака на соборените бунтовници: следниот пат ќе ги победиме уште посилно!“

Поврзани вести