Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се приведени десетина лица и дека се води предистражна постапка против вработени во УЈП кои се поврзани со случајот со пожарот во Кочани.
– Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата опфатени со кривичната пријава. Во овој момент можам да кажам само дека се работи за вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме. Првичните сознанија се дека се работи за кривичните дела – злупотреба на службена положба и овластување, како и примање и давање мито, изјави Коцевски.
Во моментот, како што рече не може да каже за кои лица се работи и дека повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна.
За дел од приведените се доставени и соодветни електронски комуникации и пораки.


