Кој го нарача претепувањето во Шутка?

Пред два дена во затворот „Шутка“ во Скопје се случи тежок инцидент, каде што двајца осудени лица, Албанци, брутално го претепаа, Коста Делов, еден од главните осомничени за нападот на Зиадин Села за настаните од 27 април во Собранието, пренесува албанскиот портал „PaCensurë“. Според порталот, инцидентот се случил кога Коста Делов и другите затвореници го искористиле слободното време за прошетка. Според неофицијалните информации кои што пристигнале до порталот на албански јазик “без цензура“, до нападот дошло, бидејќи двајцата Албанци се почуствувале испровоцирани од Делов, и го претепале до бесознание, така што дури ни затворските чувари не можеле да му помогнат.
Ќе има ли одговорност за ова останува да видиме. Но од досегашната практика се чини дека и ова ќе се заташка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.