Сè почнува од фирмата на министерот Тошковски, која завршува во рацете на познатиот адвокат Владо Пешликоски, кој, пак, во меѓувреме има уште неколку фирми на релација Македонија – Бугарија.
Фирмите никнуваат во тој период, кога ВМРО-ДПМНЕ под капа на Груевски се забетонира во државава, а нивна основна дејност е изнајмување и управување со недвижен имот и консултантски услуги, што, според прописите на Адвокатската комора, не е дозволено.
Според нив, адвокатите се должни да се воздржат од вршење професии и активности или стекнување својство на субјект што не се споиви со професијата адвокат, го нарушуваат неговиот дигнитет, интегритет и независност.
Исто така, Пешликоски, покрај адвокатската кариера и успешното пловење во бизнис-водите, има и криминално досие позади себе.
Тој беше обвинет во случајот „Агент“, кој траеше два месеца, а шестемина се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми-ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и на словенечки „Меркатор“ переле пари.
Целиот текст можете да го прочитате во Неделникот Фокус



