Кој е Сашко Николов – новиот градоначалник на Штип?!

Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вчера во Штип по вчерашните предвремени парламентарни избори за градоначалник.
Новиот градоначалник на Штип е роден на 30.7.1980 во Штип. Има завршено студии на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитет „Гоце Делчев“.
Како пратеник имал повеќе активности во Собранието. Тој бил член во Комисија за надворешна политика, и член во Комисија за здравство.
Д-р Сашко Николов е млад и квалитетен интервентен кардиолог од Штипската Клиничка болница, кој пред 4 години се префрлил од приватна институција во оваа болница, со цел да допринесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија и да понуди дополнителни услуги коишто биле недостапни за пациентите од овој регион.
Благодарен за одличната соработка со Министерство за здравство, Клиничката болница Штип овозможува непрекината, константна и професионална на највисоко ниво работа за одржување на кардиоваскуларното здравје на пациентите.
Работата му претставува задоволство и секојдневно уживање, кое е клучно за успешна работа во секоја професија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.