Победата на 69-то издание на Евросонг што се одржа во Базел ја извојува австрискиот музичар Џ.Ј., односно Јоханес Пич со песната „Wasted Love“. Овој квир музичар гордо ја претставуваше својата заедница.Роден е во 2001 година во Виена, а пораснал во Дубаи. Благодарение на неговиот татко, кој често го носел на караоке и опера, тој се заљубил во музиката. Тој се вратил во Виена со своето семејство во 2016 година.Во 2020 година, Џеј-Џеј се натпреваруваше во британското издание на шоуто „The Voice“. Негов ментор беше will.i.am. Истата година, тој учествуваше во шоуто „Старманија“. Студира на Универзитетот за музика и сценски уметности во Виена.
Тој ја напиша песната „Wasted Love“ заедно со Теодора Шпириќ, која ја претставуваше Австрија на Евровизија 2023, и Томас Тарнер. Во финалето на Евровизискиот натпревар, тој освои 436 гласови – 178 од публиката и 258 од жирито.Тој претходно зборуваше за тоа како првпат слушнал за Евровизискиот натпревар откако Кончита Вурст победила.„Настапот на Кончита предизвика таков „хаос“ што дури и пишуваа за тоа во Дубаи, каде што пораснав. Таму имаше големо табу ако бевте дел од квир заедницата“, рече Џ.Џ.Тој исто така рече дека е квир и дека е среќен што ја претставува својата заедница на ова музичко натпреварување.„Сега сум гласот на квир заедницата во Австрија. Би сакал да им кажам на сите дека треба да се сакаме. Љубовта е најубавото нешто на светот, омразата е најстрашното“, рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:



