Кој и подметна на Данела? Ваква грешка не се прави СЛУЧАЈНО!!

Кој и подметна на Данела? Ова е легитимно прашање ако се има предвид дека партијата на Мицковски ја полнеше градската и државната администрација скоро 12 години.

Кој и подметна на Данела? Ваква грешка не се прави СЛУЧАЈНО!!

По кавгата со Мицковски за рачињата во медот кога беше објавен скандал од епски размери, за скоро 140 милиони евра тендер, на Данела и се случи тотален бојкот. Од БЕЛАТА ПАЛАТА стигна наредба за ОПСТРУКЦИЈА.

Потоа, согласно наредбата од Вермахтот (како по кулоарите одредени ликови милуваат да си се обраќаат сами на себе! ) почнаа да даваат откази. А се знаеше дека даваат оставки поради тоа што се партиски АПАРАТЧИЦИ, и секако ќе бидат сменети. Но оставките имаа СИМБОЛИЧНА ПОНИЗНОСТ КОН КОМАНДАТА НА БЕЛАТА ПАЛАТА која што им е побитна од секаков закон, од секаква одговорност пред граѓаните.

Оти тие јадат поради палатата, имаат идентификација поради палатата. Без неа се НИКОЈ И НИШТО! Многумина од тамошните ликови надвор од таа зграда немаат никаква вредност. Нула. Па затоа се држат до инструкциите на „ЛИДЕРО“ како пијан за стап.

Во таа насога грешката која што денеска беше направена ја гледаме како подметнување и никако поинаку. Тие што не можат да се вратат во БЕЛАТА ПАЛАТА мораат како молци да останат таму каде што се, во бараките и да се „молат на Господ“ да дојде „нивното време“ и БЕЛАТА ПАЛАТА пак да е главна а инструкциите да доаѓаат само од таму. Лесно е да се следи команда само од едно место. А вака сите ли ќе даваат команди….

Посебно што некој се дрзнал да им се меша во работата, во секторите, во тендерите. Е тоа не може. Тоа нема да пројде неказнето…

Токму затоа се можни вакви ступидни подметнувања. За да делува Данела неопитно. Небитно што на сите ѕвона ѕвонеа дека е најдобра само до пред да го фати Перински од Водовод (за кој мислеа дека е нивен, освоена територија и сигурни пари) пред месец, два..

Затоа Данела, да ми ти препорачаме. Погледни убаво околу себе и распознај кој има инструкции од БЕЛАТА ПАЛАТА да ти подметнува, да те кочи и со својата неработа да создава имиџ дека градот е таков. И расчисти тоа НЕРАБОТНИЦИТЕ И АПАРАТЧИЦИТЕ. Или они тебе ќе те зачистат!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.