Кој рускиот милијардер ја нашол својата ќерка мртва? 

Рускиот милијардер Игор Цуканов го пронајде безживотното тело на својата ќерка, 17-годишната Катја Цуканова во Лондон, за која постои сомнение дека се предозирала со дрогата позната како „Келвин Клајн3, мешавина од кокаин и кетамин.
Катја важела за една од најталентираните млади музичарки во Британија, свирела виолина и имала концерт во Кралската опера само неколку дена пред да умре.
Непосредно пред смртта се забавувала со пријателите, а ѝ се слошило во нејзината вила во Кенгсинтон, западниот дел од Лондон.
Цуканов од Русија со својата сопруга Наташа се преселил во 90-те години во Лондон, каде се родила и Катја. „Беше толку паметна девојка, но направила еденпогрешен избор. Што родителот може да направи? Децата и така ќе го прават тоа што го сакаат и никогаш нема да ви ја кажат вистината“, рекол рускиот богаташ.
Катја веднаш била однесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат.
Нејзините другари рекле дека дрогата „Келвин Клајн“ станала популарна и скоро незиоставена меѓу младите, а и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.