Најпрестижниот моден настан во светот, Мет Гала, се одржа во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк. Бројни познати личности прошетаа по синиот тепих.Поединечен билет за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари. Мет Гала собира средства за Метрополитен музејот на уметност. Оваа година беа собрани дури 31 милион долари, што е најголемата сума во 77-годишната историја на овој настан.Покрај Ана Винтур, овогодинешни водители беа ASAP Rocky, Луис Хамилтон, Колман Доминго и Фарел Вилијамс. Леброн Џејмс требаше да се појави како почесен член, но не дојде поради повреда на ногата.Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Суперфино: Кроење црн стил“, која го слави влијанието на афроамериканскиот дендизам и машкото облекување.Некои од познатите личности кои се појавија на Мет Гала се: Ким Кардашијан, Ријана, Сабрина Карпентер, Памела Андерсон, Џиџи Хадид, Дуа Липа, Лорд, Хали Бери, Деми Мур, Ен Хатавеј, Кајли Џенер и други.Најнезаборавниот момент од Мет Гала беше кога Ријана го истакна своето трудничко стомаче и потврди дека го очекува своето трето дете со ASAP Rocky.
Пронајдете не на следниве мрежи:



