Кој се ќе оди во затвор?

Дојде време да се оди во затвор,  барем така говореа . Прашањето на Македонската јавност беше кој се имињата на тие што се фатени во криминал за кој слушавме на  милион прес конференции на СЈО , Шарената револуција и познатото мото кое будеше надеж за правда , ќе си лежите .
Но никако Македонската јавност да види дека некој стварно ќе си лежи и ќе ја отслужи заслужената затворска казна.
Видовме докази за криминални дејствија но никој досега освен притвор во Шутка не заврши во Идризово со рок за отслужување . Па се прашуваме дали се ова беше само забава за народ ?

Сега се повеќе се форисира на Социјалните мрежи и платените Микрофони до вчера на опозицијата а денес на власта за ПОМИРУВАЊЕ. Какво е тоа помирување ? И зашто да се помируваме со криминалци?
Ќе заврши ли сето ова на еден добар скеч а државата ја изгубивме . Името ни го сменија без мнозинство  на референдум , историјата ќе ја преправаат и ќе ни лепат табли со измислени имиња и ќе ни ги менуваат личните документи нормално на наш трошок.Добро ќе има ли некогаш правда и ќе иде ли некој конечно во ќорка за се што му направи на овој народ ?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.