Oткако утрово поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ, Артан Груби, се појави на граничниот премин Блаце, по што веднаш беше приведен, со реакција се огласија од владејачката коалиција Вреди.
Вреди Фото: Фејсбук Вреди
Оттаму велат дека конечно се предаде „црната кутија за владеењето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Артан Груби“.
„Сега не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.
СДСМ вели дека власта се договорила со Груби, ВМРО-ДПМНЕ враќа: Се плашите дека ќе ви се дознаат криминалите
Оттаму оценуваат дека откако ДУИ катастрофално изгубиле на локалните избори минатата година и „паднаа во вода сите лажни ветувањата на нејзиниот лидер Али Ахмети за предвремени избори и наводен влез во владата“, на Груби не му останува ништо друго освен „да се соочи со сопствените гревови“.
Од Вреди прашуваат и дали Груби сега ќе им го зададе фаталниот удар на Ахмети и на ДУИ.
„Но, кој сè ќе оди курбан заедно со него, допрва ќе видиме“, велат од ВЛЕН.
Артан Груби е уапсен и спроведен.Сам влегол легално на преминот Блаце


