Кој ќе одговата за уништувањето на спомен плочата од НОБ?

СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид. Бараме локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност.

Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело – изјави ан прес конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

– Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ.

Ова е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и за антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци. Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид. Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста – рече Лазаревска.

Градежната фирма ,,Нефи Ик”, сопственост на Нефи Усеини, советникот во Охрид од редовите на ДУИ, неодамна ја искрши и отстрани спомен-плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941 година беа осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор.

Плочата се наоѓаше пред градилиште на кое работела фирмата ,,Нефи Ик”, иако кон крајот на август 2023 година градежен инспектор утврди отстапување од проектот за реконструкција, го затвори градилиштето и донесе решение за отстранување на нелегалните доградби на објектот.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.