Кралицата Елизабета бара работник – Плата 25.000 евра

Британската кралица Елизабета бара коњушар кој ќе работи и живее во палатата за неверојатни 25.000 евра плата.
Кралицата е со намера да го одбере оној кој има голема љубов кон животните и навела дека сака да вработи личност која ќе ужива да ја работи својата работа, а за работата нуди 25.000 евра месечно заедно со бесплатно сместување во Бакингемската палата, пренесоа британските медиуми.
Обврските кои ќе ги има коњушарот се хранење, чистење и одржување на коњите, а тоа треба да биде некој кој знае и да јава коњ и да управува со кочија.
За тоа барање стои објаснувањето дека коњушарот во иднина ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.