Кралот Фелипе е геј? Скандал го тресе шпанското кралско семејство – Летиција е само параван, овој пејач му бил партнер

Книгата „Los novios de Felipe VI“ од шпанскиот новинар Хоакин Абад предизвика голема контроверзност поради шпекулациите за приватниот живот на шпанскиот крал Фелипе VI.

Иако не е потврдено од официјални извори, книгата тврди дека дава увид во емоционалните врски на Фелипе низ различни фази од животот, вклучувајќи ги и потенцијалните романси со познати личности од светот на уметноста и музиката, вклучувајќи ги Мигел Бозе и Алехандро Санц.

Склоноста кон лица од ист пол крена прашина

Најголемиот удар го нанесоа шпекулациите за неговата сексуална ориентација, но авторот не дава конкретни докази. Книгата се потпира на сведоштва и реконструкции на настаните, меѓутоа, ниту едно од тврдењата не е официјално потврдено.

Иако шпанското кралско семејство молчи за книгата, медиумите и аналитичарите не се согласуваат околу нејзиното значење, бидејќи таа ја нарушува приватноста.

Кралот Фелипе со сопругата Летиција

Книгата, исто така, се осврнува на младоста на Фелипе, вклучувајќи ги неговите училишни и воени години, како и на друштвениот круг на кој припаѓал. Се споменуваат пријателство со бизнисменот Алваро Фустер и врска со норвешката манекенка Ева Санум, што сугерира дека некои од врските биле стратегија за обликување на јавниот имиџ, пишува  „Елеспектадор“.

Бракот со кралицата Летиција , иако оптоварен со шпекулации, е документиран и добро познат. Тие се венчаа во 2004 година, а нивните ќерки Леонор и Инфанта Софија се родија потоа. И додека книгата предизвикува дебата за приватноста и јавниот имиџ на монархијата, нејзиното влијание врз институционалниот углед на шпанското кралско семејство останува неизвесно.
The post Кралот Фелипе е геј? Скандал го тресе шпанското кралско семејство – Летиција е само параван, овој пејач му бил партнер appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: