Кратка приказна за вистинската љубов

Мој другар, ја запроси девојка му, со престен од илјада денари.
Покрај езеро, како изненадување, бидејќи толку можеше да и понуди. После две години заминаа во странство оти тука не можеа доволно да издржат. Тој без работа, а таа во фирма.
Одлучи да ја напушти работата и да се пресели со него. По неколку години, се видовме синојќа. Неговата жена работи во фирма како менаџер. со плата од 4000 долари. Тој работи во хотел како одговорен во кујна со плата од 3000 долари. Жена му се уште го носи прстенот од 1000денари. Ми вика „Ќе го чувам да му го дадам на син ми да и го подари на жена му“ како традиција во знак дека љубовта нема цена. За неа најважно и е што и е маж и ја сака и после толку години брак, како првиот пат.
– Со него, би живеела и во колиба, само да знам дека е покрај мене и ме сака. Со него, би живеела со парче леб и вода, само да знам дека секогаш ќе ме држи за рака и ќе ме гледа со љубов. Со него, не ми е битно колку имам, бидејќи најголемиот и најскап дар е покрај мене.
Зборувајте ми после колку не се може во животот кога се сака и кога покрај тебе го имаш вистинскиот човек во животот. Зборувајте ми…..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.