Крајно десничарскиот политичар Жордан Бардела фаворит за претседателските избори во Франција

Жордан Бардела, лидерот на француската крајно десничарска партија Национален собир, би бил фаворит во првиот круг од претседателските избори закажани за 2027 година, според анкетата објавена денес од групата Вериан за списанието L’Hémicycle.

Бардела лесно би победил во првиот круг доколку изборите се одржат сега, со 35,5 до 36,5 проценти од гласовите, што е далеку пред следните двајца кандидати, поранешниот десничарски премиер Едуар Филип (16,5 до 17 проценти) и лидерот на левичарската партија Плас, Рафаел Глуксман (11,5 до 13 проценти).

Едно од клучните прашања на изборите ќе биде за кој кандидат ќе гласаат оние што го поддржаа центристичкиот претседател Емануел Макрон, кој повеќе нема право да се кандидира. Според анкетата, 52 проценти од гласачите на Макрон би гласале за Филип во првиот круг, додека 20 проценти би гласале за Гликсман. Веднаш зад Гликсман е лидерот на радикалната левица, Жан-Лук Меланшон, лидер на партијата „Непобедена Франција“.

Тој има поддршка од 11 до 12 проценти од гласачите на Макрон. Оваа анкета, како и сите анкети на јавното мислење, нема предвидлива вредност, туку само го одразува моменталниот став во општеството. Анкетата е спроведена онлајн од 18 до 20 ноември на примерок од 1.000 Французи на возраст од 18 години и повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи: