петок, 13 ноември 2026
Најново

Креативна наставничка ја претвори училницата во возен парк

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пандемијата го промени начинот на кој се одвива наставата, а така ќе биде и во иднина. Училиштата со недели беа затворени и наставата се одржуваше онлајн. Но, како што поминува времето, голем дел од земјите во светот одлучија да ги отворат вратите и да им дозволат на учениците да седнат во училишните клупи, притоа воведувајќи протоколи кон кои треба да се придржуваат и наставниците и учениците.
Една наставничка во училиште во Америка одлучи да ја искористи својата креативност и да ја трансформира училницата за целата ситуација да не им изгледа премногу страшно на учениците.
Џенифер Пирсон ги претвори клупите во шарени возила за да ги заштити и дечињата и себеси.
– Играњето е забрането, цел ден се носат маски, сите мора да одржуваат дистанца од 2 метра. Училиштата сега изгледаат прилично страшно кога ќе се прочитаат сите тие мерки што мора да се почитуваат. За среќа, постојат наставници како Џенифер Бирч Пирсон од Тексас, која ја направи училницата удобна за нашите мали ученици – пишува блогерката Гејл Хофер-Лојбл, која ја објави фотографијата на нејзиниот фејсбук-профил.

Поврзани вести