Кревет од 280.000 долари

Британскиот произведувач на кевети, „Savoir“, повторно нè воодушевува. После претставувањето на „Max 01“ и „Harlech 12“ креветите пред две години, славниот бренд сега креирал модел од кој ќе ви се заврти во глава – буквално.
Нивната најнова понуда, „The Three Sixty“, ќе ви пружи многу повеќе од комфор.
Опремен со рачно изработени делови од душекот и прецизно пополнет горен дел, кој пак е изработен од монголска коска, најновата понуда на Савуар доаѓа со тапацирана нежна кожа, заоблен ентериер кој е направен во италијанскиот Дедар – со 100% памук. Моделот „Three Sixty“ ја користи грамофонската технологија за да се ротира 360 степени со помош на апликацијата. Понатаму, содржи светло за читање, дизајнирано специјално за овој кревет, заедно со струја и УСБ влезови кои естетски не му пречат на креветот.


Коментирајќи го новото издание, Алистер Хјуз, од Савуар компанијата, вели: „The Three Sixty ја пренесува уметноста за префинето креирање на кревети на сосема ново ниво на комфор и луксуз. Тој претставува чиста перфекција. Нашите мајстори секој елемент од креветот го создаваат беспрекорно, а уште од првата ноќ која ќе ја поминете на овој кревет, ќе почувствувате разлика. Работевме со водечки експерти од светот за да се погрижиме за секој елемент од креветот. Од кожа со врвен квалитет, грамофонска технологија и спој, овој кревет едноставно е совршен!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.