Кривична пријава за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари поради несовесно работење во службата.

Според обвинението, Дехари во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

„Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган“ соопшти СВР Охрид.

Непосредно пред локалните избори на социјалните мрежи беа споделени аудиоснимки во кои можеше да се слушне како Дехари сексуално злоставува вработени во Општината. Партиите веднаш побараа морална, политичка и кривична одговорност од кичевскиот градоначалник. Тој пак, тогаш обвини дека против него се води оркестрирана кампања за да се наруши неговиот личен интегритет и политички имиџ и за да се фаворизира кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: