Кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, осомничен за злоупотреба на службена должност

Секторот за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А. (62) од село Зајас, А.Н. (38) од село Србица, Х.Б. (37) од село Црвевци и Б.С. (36) од село Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниви дела“.

„Првообвинетиот Ф.Д., во својство на градоначалник на општина Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и намерно постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и, не постапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договори за вработување со другите обвинети. Потоа, невршејќи соодветен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им се исплаќаат плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и не им го прекинал работниот однос по истекот на законскиот рок.“

„На овој начин, Ф.Д., во наведениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и им овозможил на други пријавени лица да остварат материјална корист, од која, секој посебно и за своја сметка, примил различни суми пари иако знаел дека им е остварена корист откако извршил кривично дело“, велат од Министерството за внатрешни работи.

The post Кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, осомничен за злоупотреба на службена должност appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: