Кривичниот суд ќе воведува вештачка интелигенција во работата

Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на РСМ и приватната високообразовна институција „Бреинстер некст“ денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел воведување иновативни дигитални алатки и технологии базирани на вештачка интелигенција за подобрување на судските постапки и унапредување на пристапот до правдата.

Студентите од „Бреинстер некст“ ќе учествуваат во практична работа во судот, развивајќи апликации кои ќе овозможат пренос на аудиозаписи од расправите во текстуален формат на македонски јазик, унапредена технологија за аудио и видеоснимање, брзо и автоматско анонимизирање на судски пресуди, подобрување на веб-страницата и активна комуникација преку социјални мрежи.

Во рамки на соработката, се гарантира заштита на личните податоци, без пристап на студентите до неправосилни предмети, во согласност со законските прописи.

Иницијативата има за цел да го олесни работењето на судиите, да обезбеди ефикасност, транспарентност и пристапност, и да ја збогати судската пракса со објавени пресуди од интерес за медиумите, НВО секторот и пошироката јавност.

Пронајдете не на следниве мрежи: