Кристина е главна на загрепскиот пазар: Продава дури 300 кг мандарини дневно

Кога продавате производ, секој детаљ е важен. Од самиот производот, локацијата, пакувањето, но и продавачот. Една семејна фирма за производство на овошје во Хрватска, го знае сето тоа, па и покрај квалитетните мандарини, грозјето и другото овошје, таа ја ангажирала и Кристина, која едвај постигнува да продаде сè она што многубројните купувачи го бараат. А, причината е повеќе од очигледна на прв поглед, нејзиниот изглед.

Кристина Пенава преку ноќ станала најголема сензација на социјалните мрежи, но не само во Хрватска. Атрактивната девојка која можете да ја видите ако патот ве однесе во Бестовјe, место близу Загреб, стана позната кога фотографиите на нејзиниот штанд со овошје и, се разбира, од неа, почнаа да кружат на социјалните мрежи.
Екипа од порталот „24сата.хр“ ја интервјуирале Кристина.
Тезгата ја посетуваат сите, од 18 до 88 години. Според наводите на овој хрватски портал, клиентите се претежно мажи.
Газдите избрале фреквентна локација покрај која се наоѓа паркинг, па муштериите таму застануваат.
Што се однесува до прометот, Кристина вели дека дневно продава околу 300 килограми мандарини.
Таа го добила и прекарот Кристина Мандарина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.