Кристина-Мандарина се врати од одмор и повторно се фати за работа

Кристина Пенева, продавачката на мандарини позната по надимакот Кристина Мандарина, се врати на она што ја лансираше во јавноста.
Повторно продава мандарини пред трговскиот центар во Бестовије, во близина на Загреб.
Таа зема краток одмор од продажбата на мандарини и замина во Белград. Кога ги „нполни батериите“ се врати на својата работа.
„Одлучив да се одморам неколку дена, а и пред тоа излегував во Белград. Луѓето и друштвото се океј, затоа ми требаа неколку дена таму. Еве сега, сум повторно овде“, изјавила Кристина за хрватските медиуми.


Идни планови нема, но признава и дека не очекувала голема популарност која ѝ се случи изминативе денови.
„Не го очекував тоа, ниту имав кога да размислувам на тоа. Ете, драго ми е што луѓето го препознаа мојот труд“, вели Кристина.

Повторно докажала дека мандарините на нејзиниот штанд се најслатки, но и дека нема проблем да популаризира друго овошје.
„Па, секако, зошто да не. Сакам да работам со овошје“, рекла Кристина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.