Кристи Бринкли порача: Ако имате одлични нозе, покажете ги!

Американската глумица и супермоделка Кристи Бринкли, која е при крајот на своето седмо десетлетие од животот, е светол пример за самодовербата околу своето тело. Таа сака жените да знаат дека треба да се гордеат со тоа како изгледаат, без разлика на возраста.
Моделот никогаш не се двоуми да објави фотографии од себеси во костими за капење на нејзината страница на Инстаграм.
– Ги објавувам овие слики затоа што постојано слушам жени на моја возраст кои велат: „Ви благодарам што го сменивте начинот на кој луѓето размислуваат за бројките“, изјави Бринкли за „Фокс њуз“. – Наназад во времето, бројките беа „битно“ нешто. Се сеќавам како луѓето мислеа дека по 30-та година, никогаш не треба да ја носите косата пуштена крај рамената или дека скутникот мора да ги покрива колената. Отсекогаш сум сметала дека тие правила се премногу ограничувачки. Секој е различен, секој е единствен. Но, тоа е исто како да ѝ кажете на гимнастичарката дека не може да направи некој потег на одредена возраст. Тоа нема смисла. Ако имаш одлични нозе, покажи ги. Ако имаш нешто во себе што навистина го сакаш, прославувај го тоа. Нека не те контролираат тие бројки!, истакна таа.
Натаму, таа вели дека е „полна со благодарност“, и дека сака да се сосредоточи на броењето на „благословите во животот“.
– Тоа, затоа што штом еднаш почнете да ги сфаќате сите работи во Вашиот живот за кои сте благодарни, тоа нема да е голем „багаж“, нагласува Бринкли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.