Кузевска: СДСМ има нова сила – нова енергија

СДСМ обвинува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ осмислила специјална платформа чија цел е внатрешно рушење на опозициската партија. На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ги оцени овие активности како координиран обид за дефокус на јавноста.

Мотивите според СДСМ: Скандали и пад на рејтингот на власта Според тврдењата на Кузеска, овој напад врз СДСМ доаѓа веднаш по нивното обелоденување на наводна бизнис мрежа во енергетскиот сектор, поврзана со премиерот Мицкоски и компаниите „Адамовиќ“ и „Руднап“, објави 4news.mk

Таа истакна дека владејачката партија се соочува со сериозен пад на довербата кај граѓаните:

Кузеска тврди дека последните интерни анкети направени од самата ВМРО-ДПМНЕ покажуваат голем пад на поддршката за власта.

Истовремено, според неа, истите анкети бележат раст на рејтингот на СДСМ, што е главната причина за активирање на оваа, како што ја нарекува, „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“.

Партијата останува обединета и продолжува со критики

Од опозициската партија порачуваат дека ваквите обиди на политичкиот противник нема да вродат со плод и дека партијата нема да дозволи да биде срушена.

Кузеска нагласи дека СДСМ има нова енергија и останува единствена во борбата против актуелната власт.

„СДСМ за секој еден криминал на власта која бесрамно краде од граѓаните ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт. Посилни од кога било му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат“, изјави портпаролката.

На крајот од своето обраќање, таа најави дека партијата ќе продолжи со откривање на сите наводни криминално-коруптивни дејствија поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: