Купете постелнина во оваа боја, еве зошто е важно да го направите тоа

Оваа боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување. Недостатокот на сон може да има негативен ефект врз сите аспекти во вашиот живот.
Луѓето кои патат од несоница често имаат проблеми со здравјето, концентрацијата, помнењето, а недостатокот на сон се одразува и на надворешниот изглед. Ако често имате проблеми со заспивањето, сигурно досега сте испробале разни методи, од лекови до медитација, но можеби само е потребно да ја промените постелнината.


Експертите за сон тврдат дека сината боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување, односно дека чаршафите во таа боја може да помогнат при проблемите со спиење.
Ако сината боја ви изгледа премногу впечатливо за спална соба, ист ефект ќе има и сиво-сината нијанса која е голем тренд во уредувањето на ентериерот.
Од друга страна пак, љубителите на сината боја може слободно во спалната соба да додадат уште неколку детали во оваа нијанса за уште подобар ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.