ЛАВРОВ: РУСИЈА Е ПОСИЛНА ОД ПРЕД ВОЈНАТА – СЕ ОБИДОА ХИТЛЕР И НАПОЛЕОН И БЕА ПРЕГАЗЕНИ

,,Русија е многу посилна отколку што беше пред избувнувањето на конфликтот во Украина, кој беше поттикнат од САД”, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

– Веќе се видливи резултатите од војната со Русија, која САД ја започнаа преку Украина. Го спомнавте проширувањето на НАТО, но клучниот резултат за нас и за другите е што Русија стана многу посилна отколку пред сите овие настани – рече Лавров обраќајќи им се на присутните на форумот во Доха преку Интернет.

Дали знаете како се поздравуваат слоновите!? Верувале или не, тие користат повеќе од 1.200 сигнали
Освен со зборови, човечките суштества обично се поздравуваат само со раце или бакнежи, додека слоновите, според студијата објавена во списанието Communication Biology, користат широк спектар на знаци кои ги комбинираат во зависност од …
Уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, учествувал во киднапирање и кражби на банки!
Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во …

Тој додаде дека така ќе биде додека не завршат борбените операции, пренесува Тасс.

Лавров потсети дека на почетокот на 19 век, Наполеон ја мобилизирал речиси цела Европа да ја нападне Русија, но таа го поразила и „по таа агресија станала посилна“.

Тој рече дека Хитлер го направил истото во средината на 20 век, кога ги мобилизирал повеќето европски земји да започнат агресија против Русија.

– И тој беше поразен и по таа војна станавме посилни – нагласи Лавров. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.