ЛАЖЕН МАСК ИЗМАМИЛ ЖЕНА ЗА 50.000 ДОЛАРИ! Добила барање на Инстаграм и завршила како жртва на измама за која зуи светот

Илон Маск ви се јавува на Инстаграм и бара 50.000 долари, која е вашата прва мисла? Верувале или не, ништо од ова не изгледало сомнително на една Јужнокорејка.Неодамна, оваа жена, која сакаше да остане анонимна, изјави за локалните медиуми во Јужна Кореја дека била измамена и изгубила 50.000 долари од лице кое се преправало дека е Илон Маск.Измамата започнала на Инстаграм, каде жртвата, голем обожавател на Маск, добила барање за „следење“ од профил за кој се тврди дека е шеф на Тесла. Отпрвин, рекла таа, била скептична.„Минатата година доживеав нешто како сон. „Маск“ ме следеше на Инстаграм . Иако бев голем обожавател на Маск откако ја прочитав неговата автобиографија, на почетокот се сомневав дека тоа е вистина“, рекла таа.
Измамникот, сепак, продолжил да ја убедува испраќајќи слики од Маск на работа, како и фотографии од неговата „лична карта“. На крајот поверувала дека тоа е вистинскиот Маск, најмногу затоа што разговарале за деталите од приватниот живот на овој милијардер.„Овој „Маск“ зборувал за своите деца и одел со хеликоптер на работа во Tesla или SpaceX“, рекла таа.Измамникот дури и кажал за средбата меѓу Маск и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол во април 2023 година, велејќи дека разговарале за изградбата на гигафабриките на Тесла.Довербата дополнително била воспоставена за време на длабоко лажен видео повик во кој измамникот , преправен во Маск, и кажал на жената дека ја сака.Потоа ѝ претставил на жената лажна „можност за инвестирање“, тврдејќи дека сакал да ги награди своите најголеми обожаватели.„Тој рече дека по случаен избор контактира со обожавателите и дека е среќен кога тие ќе се збогатат“, објаснила оваа жена. Конечно, тој испратил број на корејска банкарска сметка и ја убедил да префрли 50.000 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: