Лажен поп нудел да врши погребни обреди за пари на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: