Лаже штом зине: Разоткриена уште една безобразна измислица на Карлеуша

Вера Хорват во интервју за Курир раскажала низ се што поминала за време на 10 години работа во куќата на Јелена Карлеуша.
Кога почнала да работи во куќата Атина имала осум месеци. Отакако се родила и Ника, веќе не можела се да работи сама, па ја повикала сестра и да и помага. Сестра и заедно со неа ја напуштила куќата, кога веќе станал неиздржлив притисокот.
Таа дала и пример како пејачката се однесувала со неа.

Јелена има многу гардероба, која постојано мора да се сортира и пресложува. Максимално се трудев, но имаше моменти кога од многу работа не стигнував се да средам. Тогаш на цел глас се дереше: Овде никој не може да се снајде, никој не умее да ги среди работите. Верувајте дека се тресев, бидејќи не знаев што може да и падне на памет во тој момент. Беше лута и пцуеше. Најмногу ме повредуваше кога велеше дека јас со селскиот менталитет не можам да и го средувам плакарот. На крајот ништо не чинеше – рекла Вера.
Сега и таа и сестра и немаат работа
Едноставно веќе не можевме да го издржиме однесувањето на Јелена. Моите последни зборови беа: Ти на мене така да ми зборуваш, срам да ти е! Тоа и го кажав и си отидов со сестра ми. Да беше Дивна жива, ништо од ова немаше да се случи – додала таа.
Јалена Карлеуша тврди дека српски Курир го измисил интервјуто, но еве доказ дека лаже. Новинарката која го направила интервјуто телефонски со дадилката, го објави:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.