Лажни се дојавите за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштија, денеска (19.04.2026) на електронската адреса на МВР била добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во двата објекта.
Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во и околу трговските центри.
По извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни дојави, односно дека нема опасност.
The post Лажна дојава за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“ – полицијата утврди дека нема опасност appeared first on Во Центар.



