петок, 27 ноември 2026
Најново

Лажни се дојавите за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По заканите за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни, потврди вечерва Министерството за внатрешни работи.

Денеска околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, велат од МВР.

Поврзани вести