Лажното име, изгледот и стајлингот на Александра ќе ве шокира

Александра Пријовиќ, од неодамна Живојновиќ, е миленичка на медиумите откако зачекори во естрадните води, а овие денови повторно е во центарот на вниманието откако беше обелоденето во медиумите дека таа и нејзиниот сопруг Филип Живојновиќ очекуваат принова.
Двојката се венчаше во јуни, а пејачката оваа прекрасна вест ја чуваа како тајна, дури од од Боба Живојновиќ, таткото на Филип.
Пејачката ужива во љубовта со својот сопруг која се роди пред две години, а иако сега е во брак со еден од најбогатите мажи во Србија, остана и натаму скромна девојка како што беше на почетокот на кариера.

Александра е родена во Сомбор, а детството го помина во Бели Манастир, град во Хрватска.
Кариерата ја започна кога имаше 13 години, а на естрадното небо тогаш се претстави како Ани.
Ги сними нумерите „Мајко’ и „Боли свака твоја реч“, но вистинската популарност ја доживеа дури по гостувањето во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
По завршувањето на шоуто, веднаш имаше таква среќа да направи хит, па ширум регионот стана позната нејзината песна „За нас касно је“.
Александара и тогаш беше интересна за медиумите, но откако ја официјализираше врската со Филип, постојано е под лупа на јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.