Лани се фалеше со најголемиот бакшиш, сега се жали дека едвај преживува

Еден од најдобрите македонски пејачи, Наум Петрески, со изјавата дека едвај преживува направи вистинска галама на социјалните мрежи. Лани се фалеше со најголемиот бакшиш, сега се жали дека едвај преживува
Петрески воестрадниот магазин „Бекстејџ“ се пожали дека поради пандемијата изгубил преку 70.000 евра и дека живее од платата на сопругата и од пензијата на мајка си.
По ова негово интервју, мал дел од јавноста покажа разбирање за состојбата со која се соочуваат домашните уметници, но доминираат оние со остри критики кои му порачаа да си најде друга работа и го потсетија дека има луѓе кои навистина едвај преживуваат.
Некои дури се сетија на неговото ланско гостување во шоуто „Еден на еден“ каде отворено зборуваше за најголемиот бакшиш кој го добил во кариерата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.