четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ластикот не е само за коса: Има 2 фантастични примени кои ќе ви го олеснат животот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ластиците за коса се подеднакво убави и практични. Тие ја разубавуваат секоја фризура со разни бои, дизајни и големини. Можете исто така да изберете различни материјали како кадифе и свила.
Убавиците опседнати со модата често ги носат на раката за да бидат блиску секогаш кога сакаат да ја врзат косата во опавче или пунџа.
Но, дали знаевте дека ластиците за коса имаат две други намени?
Добро прочитавте! Не можевме да веруваме кога дознавме за нив, бидејќи тие се едноставно неверојатни и многу го олеснуваат животот.
Да ги скриете прерамките од градникот
Доколку сакате да носите маица или фустан со отворено деколте или грб, а немате градник без прерамки, тогаш овој трик е идеален за вас.
Можете лесно да ги сокриете со помош на два ластика за коса.
Треба само да ја протнете прерамката низ ластикот додека го носите градникот. Потоа ставете ја раката низ прерамката. Сега нема да бидат видливи и ќе останат на истото место.

@kripapateljoshi
What are your thoughts??
♬ original sound – Kripa Patel Joshi

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ако не ви се точни балетанките
Овој трик ќе им помогне на сите оние на кои често им паѓаат ремените на штикли или сандали бидејќи делот кој се потпира на глуждот е премногу широк.
Еве како да го решите тој проблем:

@ginatricot
let us know your best life hack #lifehack #ginatricot #marketing
♬ Austin Millz to be real – TheWadeEmpire