Лафчиски ќе учествува на состанок на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови

Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, на 19 мај 2026 година во седиштето на НАТО во Брисел, Кралството Белгија, ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО.

Со состанокот на највисокото воено тело на Алијансата ќе претседава претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а на состанокот ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на земјите членки на НАТО, врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант за трансформација на НАТО (SACT), адмирал Пјер Вандие.

На состанокот, кој ќе се реализира во неколку сесии, ќе се разговара за: плановите на НАТО за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, тековните НАТО мисии, операции и активности, политичките приоритети и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, како и за развојот на одбранбениот планирачки процес на НАТО, интеграцијата на новите технологии и иновации во одбранбеното планирање, поддршката за Украина и унапредувањето на соработката помеѓу НАТО и Европската Унија во повеќе области од заеднички интерес.

Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на состанокот претставува потврда за активниот придонес на Армијата и Република Македонија во колективната безбедност, регионалната стабилност и заедничките политики и активности на Алијансата.

Пронајдете не на следниве мрежи: