Левандовски-Реал Мадрид 4:1

Борусија Дортмунд го совлада Реал Мадрид со 4:1 (1:1), во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони и се стекна со сериозна предност пред реваншот во Мадрид.Брилијантен натревар одигра полскиот репрезентативец кој ги постигна головите за Борусија. Левандовски мрежата на Дијего Лопез ја погоди во 8-та, 50-та, 55-та и 66-та минута, единствениот гол за Реал е дело на Кристијано Роналдо во 40-та минута, откако катастрофална грешка направи дефанзивецот на домашните Хумелс.Борусија одигра тактички перфектен натпревар, во кој Кирген Клоп целосно го надмудри Жозе Мурињо. Наместо препознатливиот пресинг по целиот терен, играчите на Борусија му препуштија на Реал повеќе да напаѓа, но тие напади на почетокот не однесоа ништо.‘Милионерите’, особено во второто полувреме беа исклучително опасни во транзицијата и речиси секој напад преставуваше сериозна опасност по голот на Диего Лопез.Реал од друга страна делуваше анемично и нетипично за екипа на Мурињо целосно безопсано во нападот.Мурињо веројатно погреши со стартниот состав, особено со Пеп кој во последната линија играше во тандем со Варан. Пепе не можеше да се носи со играчот на мечот Левандовски.Реванш натпреварот, во Мадрид, по кој ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампиони ќе се одигра на 30.април.
МакфаксБорусија Дортмунд го совлада Реал Мадрид со 4:1 (1:1), во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони и се стек

Пронајдете не на следниве мрежи: